Австралиската полиција обвинила маж за возење моторизирана инвалидска количка под дејство на алкохол, откако утврдиле дека во крвта има 6 пати повеќе алкохол од дозволеното.
Полицијата во градот Каирнс изјавила дека мажот бил толку пијан што заспал во количката додека бил на лентата за свртување на главниот пат. Другите возила морале нагло да вртат за да ја заобиколат инвалидската количка.
„Тоа не е за верување“, рекол полицискиот инспектор Боб Волтерс во изјава за медиумите.