Три лица се тешко поврдени, а уште едно полесно, во напад на маж со секира во воз во градот Вурзбург, Германија. Четиринаесет лица се во состојба на шок.

Според информациите кои ги пренесуваат светските агенции напаѓачот бил убиен од огнено оружје при обид да избега од местото на настанот.

Бројни полициски сили, медицински екипи и пожарникари се присутни на местото на настанот кое го надлетуваат хеликоптери.

Засега нема информации за идентитетот на напаѓачот и за мотивите на нападот.

OhridNews