Париската полиција, на железничката станица во Париз, уапси маж што носи нож и кој се упатил кон полицајците. „Еден маж со нож влезе на станицата, на него била предупредена полициската патрола која веднаш го уапсила“, се дознава од полициски извори.

Во инцидентот што се случи по само два дена по смртоносниот напад врз полицајци на Елисејските полиња, никој не е повреден. Мажот за време на апсењето не пружал отпор.

Нема докази дали овој инцидент е поврзан со тероризам.