29 годишен маж од Бон се удавил во одводен канал додека се обидувал да ги дофати клучевите од автомобилот, соопшти германската полиција во петокот. Телото го пронашол маж кој го водел своето дете во градинка, и во каналот забележал патики на несреќниот човек чие тело било заглавено во отворот од каналот.
На човекот му испаднале клучевите од автомобилот во каналот, па ја тргнал заштитната решетка и се обидел да ги дофати. За жал се заглавил во отворот и се удавил во водата.
Како што објавиле германските медиуми, момчето пред несреќата пиело со пријателите во барот.