Татко на 5 деца очајнички бара помош бидејќи се претвоара во жена.

„Јас сум маж, а не жена. И не сакам да бидам жена. Само сакам животот да ми се врати во нормала.“, вели Тери Рајт, 60- годишен пејач во паб.

Пред 10 години започнал да ја губи брадата и влакната по телото. Од тогаш кожата му станала мазна, и му растат гради.

Крвните наоди покажале дека нивото на женскиот хормон естроген му е повисоко од нормалното.

Но докторите му велат дека до сега немаат видено таков случај и не знаат како да го запрат тој процес.


„Докторите мојот случај го нарекоа интересен и единствен, но јас само сакам работите да се вратат во нормала, повторно да станам вистински маж. Децата од квартот ме задеваат. Ме нарекуваат со погрдни имиња. Еднаш едно дете се чукна во мене, а неговата мајка му рече: Извини и се на госпоѓата! Моите пријатели се шокирани и се обидуваат да ме разведрат велејќи ми дека сум „згоден маж“, вели несреќниот Рајт.

Психијатрите го прогласиле ментално здрав, а и извршено е скенирање кое ја исклучува можноста нивото на естрогенот да е високо поради постоење на тумур.