Маж вооружен со нож и запалива течност, вчера, ранил шест лица во напад во воз во Швајцарија. Станува збор за 27-годишен државјанин на Швајцарија. Тој подметнал оган во возот недалеку од станицата Салез во кантонот Сент Гален. Вкупно седум лица се повредени од пламенот и од удари со нож, од кои некои се сериозно.

Швајцарските медиуми од германското говорно подрачје пишуваат дека меѓу повредените е и шестгодишно момченце. Другите жртви на нападот се 17-годишни момче и девојка, 50-годишен маж и уште две жени на 34 и на 43 години. Засега нема податоци за судбината на напаѓачот, кој и самиот е повреден и е хоспитализиран.

Инцидентот се случил во 14,20 часот по средноевропско време, во време кога возот влегувал во станицата во Салез, во тој момент во возот имало неколку десетици патници.

OhridNews
извор Макфакс