Американец чија бракоразводна постапка се искомплицирала, од својата поранешна сопруга бара да му го врати бубрегот кој и го донирал и со тоа и го спасил животот. Ако не го даде бубрегот, тој бара од неа 1.5 милиони долари компензација.

49-годишниот доктор Ричард Батиста очаен се им обратил на новинарите и изјавил дека одлучил да го изнесе тоа во јавност бидејќи е исфрустриран од бавниот бракоразводен процес и преговори со својата сопруга.


Адвокатите кои работат на разводот го предупредиле дека донираниот орган не е материјално добро кое може да се дели. Докторот и неговата сопруга Донел се венчале во 1990 година, а бубрегот и е пресаден во 2001 година. Таа поднела барање за развод во 2005, а договорот се уште не е постигнат. Батиста сопругата ја обвинува за неверство, а најтешко му паѓа забраната за гледање на нивните ќерки, на возраст од 8, 11 и 14 години.

„Не постои поголема болка која можете да ја почувствувате од предавството од некого кого сакате и на кого сте му го посветиле својот живот. Се чувствувам понижено, непочитуван и игнориран како личност, но и како маж, сопруг и татко“ – објаснува очајниот Батиста.

„И го спасив животот, а сега таа ме убива со разводот“.