Маж од Нов Зеланд, кој гаѓал тинејџер со еж, бил парично казнет од судот. Судијата изјавил дека Вилијам Сингаларг фатил еж и го фрлил на неколку метри оддалечениот тинејџер. Во полицијата изјавиле дека го погодил на ногата на која му останала црвена лузна, но не била потребна медицинска интервенција.
Сингаларг е обвинет за насилно однесување и мора да плати казна. На суд е отфрлено обвинението за напад со смртоносно оружје. Не е познато дали животното било живо во моментот на нападот.