Британската полиција уапси маж и жена поради слики од мртвото тело на Емилијано Сала, кои, осамнаа на социјалните мрежи. Светската јавноста беше згрозена од сликите, кои, за краток временски период беа повлечени.
Фотографиите биле направено во мртовечницата во Бурнмаут, каде телото од починатиот фудбалер Сала беше пренесено после наоѓањето во урнатиот авион на дното од каналот Ла Манш. Се уште не се знае дали уапсените се творци на фотографиите или се извлечени од компјутерот, кој се наоѓал во мртовечницата.
Емилијано Сала животот го загуби во трагична авионска несреќа која се случи на 21 јануари. Новиот член на Кардиф беше во Нант да се збогува со своите соиграчи, но никогаш не се врати во јатото на „сините птици“.
OhridNews