Двајца млади сопружници од бугарскиот град Бургас освоиле премии, секој посебно, на националната лото игра „Лото 6 од 42“. Тие не знаејќи еден за друг уплатиле минимален износ на лотото, по 0,25 евра, а среќата им се насмевнала и заедно освоиле околу 213 илјади евра, објавиле бугарските медиуми.
Интересно е тоа дека тие долго време ги заокружувале истите броеви, но уплатата, пред крајот на минатата година, ја извршиле на истото уплатно место но во различно време.Извлекувањето било извршено на први јануари. Младиот брачен пар, чии имиња не биле објавени, објавиле дека од освоените премии ќе си купат куќа со убав ентериер.