Голгетерот на Интер, Мауро Икарди прогласен е за најдобар играч во италијанската Серија А за годината што изминува. Аргентинецот наградата ја прими на гала церомонијата која се одржа синоќа во Милано.

Еден интересен факт се „крие“ зад наградата на Икарди од италијанското друштво на фудбалери. Напаѓачот на „нероазурите“ е прв фудбалер кој е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А, а не од редовите на Јувентус последниве седум сезони. Последен играч кој се закити со наградата, а не играше во Јувентус беше Златан Ибрахимовиќ кој играше за Милан.

Икарди ја доби и наградата за гол на годината. Бравурозниот погодок во март месец против Сампдорија му донесе двојна причина за радост на церомонијата во Милано.

Погодокот кој е избран за најдобар можете да го погледнете на 1 минута и 22 секунди од видеото.

Наградата за најдобар тим му припадна на Јувентус, за најдобар тренет избран беше Масимилијано Алегри, а наградата за најдобар голман ја освои Алисон Бекер кој бранеше за Рома. Награди за животно дело добија Франческо Тоти и Андреа Пирло. Џанлука Роки е најдобар судија за годината што изминува во Серија А.

Тимот на годината: Алисон Бекер, Жоао Кансело, Џорџи Киелини, Калид Кулибали, Алекс Сандро, Раџа Наинголан, Миралем Пјаниќ, Немања Милинковиќ Савиќ, Пабло Дибала, Мауро Икарди, Чиро Имобиле

OhridNews