Охридските матуранти завршувањето на средното образование и оваа година ќе го прославата со голема парада на градскиот плоштад.


Матурска парада на градскиот плоштад по трет пат

Тие и оваа година ќе бидат дел од големата прослава што истовремено ќе се одвива на плоштадите во стотина европски градови. Матурантите ќе го играат Штраусовиот валцер „Летот на лилјакот“. Матурската парада ќе се одржи на 15.мај, петок, точно на пладне.

Во Охрид, оваа меѓународна манифестација на своевидно одбележување на полнолетството, се одржува по трет пат. Околу 250 охридски матуранти кои ќе го играат матурскиот валцер на плоштадот „Свети Климент Охридски“ деновиве неуморно се подготвуваат во спортската сала под надзор на проф.Соња Думбалова.

Ohridnews