Денес точно напладне на градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ матурантите од сите охридските средни училишта ќе го одиграат танцот Квадрил од Штраусовата опера „Лилјакот”.

И годинава за подготовките беше задолжена професорката Катерина И. Стојаноска, која што информираше дека учество ќе земат повеќе од 300 матуранти.

Инаку, матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа “Уршка” во Љубљана.

Танцот Квадрил матурантите го играат во четири слики: панталон, ете, пасторел и финале.

OhridNews