Американка од едно предградие на Чикаго која го напуштила училиштето за да му помогне на своето семејство во периодот на големата криза добила матурска диплома во 90-тата година. Елинор Бенз средното училиште го напуштила 1936 година и се вработила, а во наредниот период се омажила и родила 15 деца, додека денес има 54 внуци и 37 правнуци.


Посетувала вечерно училиште да научи дактилографија и сметководство, а неодамна на една од ќерките и кажала дека најголемо разочарување во животот и е тоа што не успеала да заврши средно училиште. Децата стапиле во контакт со нејзиното некогашно училиште а управата и издала диплома.