Еден американец кој има 106 години, кој своевремено бил приморан да го напушти училиштето како би ги издржувал својата мајка и петте браќа и сестри, конечно матурирал. Фред Батлер од сојузната американска држава Масачусетс во понеделникот примил почесна диплома, и во многу трогателен говор им се заблагодарил на сите кои му помогнале да заврши средно училиште.

Бил во брак 65 години, подигнал пет деца, служел во американската армија за време на Втората светска војна и работел во градскиот водовод. Неговата снаа Кети Батлер рекла дека често се каел што го напуштил школувањето и секогаш им велел на своите деца и внуци дека образованието е најважно во животот.