Привршува викендот на матурските прослави, па матурантите ќе мора да се вратат во своите клупи за да го положат испитот на зрелоста.

На 12 јуни матурантите ќе полагаат мајчин јазик, а на 14-ти странски јазик, математика, естетика или филозофија. Статистиката на државниот испитен центар покажува дека расте бројот  на учениците кои се заинтерсирани да го продолжат своето образование на факултетите, оваа година се пријавиле 1.000 матуранти повеќе од минатата. Односно од 20.000 ученици државна матура ќе полагаат 18.626.

Државната матура се спроведува трета година. Минатогодишните резултати не покажаа задоволителен исход. Средната оценка на учениците беше тројка, а матурантите беа најслаби по математика, односно 41 отсто  од нив не го положија тестот.

Најдобро оценето училиште втора година по ред беше скопската гимназија Раде Јовчевски – Корчагин.

Ohridnews