Охридските гимназијалци денеска ќе бидат дел од големата европска прослава на матурата во која ќе учествуваат 30.000 нивни врсници од повеќе градови во регионот.


од минатогодишната прослава

На музика на Штраус тие точно на пладне ќе го изведат танцот Квадрил со што симболично ќе го прослават завршувањето на средното образование. Илјадници средношколци на овој начин матурата ја прославуваат веќе 7 години, а ваквиот обичај кај нас  почна да се практикува од минатата година.

ohridnews