Оваа година нема да има екстерно испитување на матурантите, откако тие со протести во изминатите два дена успеаа да издејствуваат ваква одлука од Министерството за образование.

Матурантите негодуваа дека во пет до дванаесет им се наметнува уште една обврска за која биле информирани дека нема да ја имаат.

Против екстерното испрашување се и поголемиот број од родителите на учениците од основните и средните училишта во Охрид. Како што информиравме, тие својот став го соопштиле на претседателите на советите на родители на општинските училишта кои деновиве одржаа состанок на оваа тема.

Според нив родителите имаат бројни забелешки на воведувањето на ектерното испитување во образованието поради што ја поддржуваат идејата за преиспитување на уставноста на таквата одлука на ресорното министертсво.

Ohridnews