Матурантите кои поднеле приговори на резултатите од Државната матура денеска ќе може да направат увид на тестовите во просториите на Државниот испитен центар. Оттаму вчера соопштија дека до предметните комисии биле доставени вкупно 505 приговори од кои 212 биле прифатени.

Прелиминарните резултати од екстерните испити од државната матура беа доставени до училиштата и објавени на 14 јули. Освен тоа, секој кандидат можеше за сопствените резултати да се информира и на веб страницата за државната матура www.matura.gov.mk.

Кандидатите кои сметаа дека тестовите не им се правилно вреднувани имаа право на приговор во рок од два дена. Конечните резултати согласно пропишаната динамика на реализација на државната матура се доставени до училиштата.

OhridNews