Со традиционалното прославување по охридските хотели, околу 750 матуранти од општинава вечерва и утревечер ќе го заокружат средното образование.

Околу 140 матуранти од Електро-машинскиот училиштен центар ” Свети Наум Охридски” вечерва  во 21 часот ќе ја започнат матурската прослава во хотелот ” Белведере”. Нивните врсници од средното угостителско-туристичко училиште ” Свети Наум Охридски” ќе блеснат во свечената матурска облека од 21 часот во хотелот ” Десарет”.
       
Средношколците од училиштето ” Свети Климент Охридски “, по традиција, дружењето со своите професори ќе го заокружат на забавата  која утревечер, по традиција ќе се одржи во хотелот ” Десарет”.


а сега на ред се прославите – матурантите од Охрид

       
Од општинскиот сектор за образование веруваат и се надеваат дека  и оваа генерација охридски матуранти достојно ќе го заокружи средното образование.
       
На 17-ти овој месец, тие беа дел од матурската парада што се одржа во повеќе европски држави,  со што го соборија минатогодишниот гинисов рекорд, излегувајќи во поголем број.