Матурантиоте од средните училишта од земјава го откажаа генералниот протест што требаше да се случи денеска во Скопје.

До откажување на протестите дојде по разговорите меѓу претставници на Министерството за образование и на средношколските здруженија кои изминативе денови демонстрираа поделеност.

Учениците од завршните години во средните училишта не се согласуваат со одлуката на Министерството за образование според која треба да полагаат матура по завршувањето на средното образование.

Министерството за образование соопшти дека нема да ја промени својата одлука и дека полагањето државна матура стартува од оваа учебна година. „Нема преговори со матурантите, туку само разговори за процесот на полагање на државната матура. Таа нема да биде одложена, зашто не отстапуваме од зацртаниот реформски правец“, изјави министерот за образование и наука Сулејман Рушити.

Министерот Рушити појасни дека неполагањето државна матура го проблематизира уписот на странски универзитети и рече дека имало многу случаи на македонски матуранти кои не можеле да се запишат зашто немаат матура.

ohridnews