Средношколците од завршните години денеска ќе ги активираат протестите против полагање на матура, незадоволни од како што велат, игнорантскиот однос на владата кон нив.
Матурантите минатата недела ги ставија протестите во мирување по средбата со претставниците на Министерството за образование која заврши без конкретен договор. Незадоволни од статус-кво ситуацијата, членовите на Иницијативниот одбор по средбата во Охрид во петокот, одлучија да ги реактивираат протестите. Нив не ги подржува Унијата на средношколци која повика на продолжување на преговорите со владата.
матурантите денеска повторно ќе протестираат
Иницијативниот одбор соопшти дека средношколците од завршните години не отстапуваат од барањето нивната генерација да не полага матура. Политичките партии од власта пак во дејствијата на средношколците препознаа замешаност на опозицијата, што беше демантирано од Иницијативниот одбор на средношколците.
Ohridnews