Владата е пред дилема. Укинување на државната матура или полагање во јуни за оваа генерација?

Одговорот средношколците од завршните години ќе го дознаат по првомајските празници, најави на денешната прес-конференција министeрот за образование Арбер Адеми.

Тој рече дека ова прашање ќе биде разгледувано на една од наредните владини седници.

Адеми истакна дека оваа школска година нема да се повторува од септември, затоа што онлајн наставата се одвива добро. Што се однесува до уписот на првачињата, министерот за образование нагласи дека тој наместо во мај, ќе се одвива во јуни.

OhridNews