Во рамки на 11 коло од Супер лигата ракометарите на Охрид ја пречекуваат екипата на Алкалоид во сабота, 16 ноември.
Алкалоид во првенството ги доби сите натпревари досега и мислам дека се најсилниот тим оваа сезона. Се разбира да се победи не е лесно, но се надевам на успех заедно со нашите навивачи. Со нетрпение го очекувам саботниот меч, вели бекот Хироки Матсуока.
Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 18:30 часот.
OhridNews