Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев одигра клучна улога во триумфот на Наполи над Парма 3-1. Тренерот на “азурите“ не штедеше пофални зборови за македонскиот ас Пандев.

– Овој е оној Пандев кој јас го посакавум и знам. Можам слободно да кажам дека Пандев е помеѓу најдобрите фудбалери кога се однесува до асистенциите за фудбалерите, од се срце се борев тој да остане меѓу нас – посочи Мацари.

Тимот на Наполи по три одиграни рунди има исто толку победи и го дели првото место со бранителот на скудетото Јувентус.

Мх.П.