Како што веќе информираа од Центарот за јавно здравје, водата за пиење во општина Охрид  е со добар квалитет и хемиско бактериолошки исправна . Исклучок се објектот во рамки на ЈОУДГ  „ Јасна Ристеска“  во Лескајца и ОУ „ Братство и единство“  каде што поради интервенција на водоводна линија се појави матност на водата, информираат од локалната самоуправа. Поради тоа е потребно пред употреба истата  да истече одредено време, околу 1 минута.

Екипите на МЈП Проаква РЕ Водовод Охрид се на терен и ја следат состојбата на водата во тие места заедно со екипите од Центарот за јавно здравје.

OhridNews