Поради обилните врнежи и од дожд зд кои деновиве го зафатија подрачјето на општина Струга дојде до нарушување на квалитетот на водата за пиење од градската водоводна мрежа во Струга, по однос на параметарот матност.

Од извршените мерења на водата за пиење  од градскиот водовод во Струга, од страна на екипи на Центар за јавно здравје Охрид, претпладнево, 28.11.2018 г., констатирана е зголемена матност во водата за пиење, со вредности значително поголеми од законски пропишаните. Поради тоа и согласно Правилникот за безбедност на вода, водата од градската водоводна мрежа во Струга и селата кои се приклучени на градската водоводна мрежа, не е здравствено безбедна и истата не треба да се користи за пиење.

Регионален центар за јавно здравје – Охрид

За проблемот известени се надлежните институции и соодветните инспекциски служби за натамошно постапување, информираат од Центарот за јавно здравје Охрид. Додаваат дека во координација со надлежните институции континуирано се следи состојбата, а јавноста навремено ќе биде информирана за состојбата со квалитетот на водата во градскиот водовод во Струга.

OhridNews