Екипата на КЛ7 финишираше на третата позиција во Младинската ракометна лига победувајќи поголемиот брат Струга во малото финале на завршниот турнир во Охрид. КЛ7 славеше со 31-21.

  • Одигравме многу добро второ полувреме. Ги сведовме грешките на минимум, а одбраната беше одлична. Овој меч и претходните два и финалето верувам се натпревари за уживање. На клубот и на градот му честитам за организацијата и за доброто гостипримство. Синоќа немавме среќа да играме против расположен состав и публиката, но таков е ракометот. Задоволен сум од пласманот иако наша цел беше шампионска титула. – изјави тренерот на КЛ7, Јаковче Матлиевски.

КЛ7 и минатата година заврши на третата позиција и практично ја одбрани титулата. За златниот медал во големото финале ќе се борат Охрид и Металург. Натпреварот започнува во 17 и 30 минути.

OhridNews

Ф4: КЛ7 убедлив против Струга за бронзен медал во Охрид