Матичните лекари се заканија со штрајк, доколку Владата во рок од два дена не ја повлече одлуката за намалување на капитациониот бод од 50 на 45 денари. Оваа беше соопштено вчера од страна на Здружението на приватни лекари и Лекарската комора на Република Македонија. Како знак на незадоволство, тие ги повлекоа своите членови од сите тела и комисии на Министерството и Фондот за здравство.

Лекарите се пожалија дека со намалување на капитацијата нема да можат да ги покријат сите трошоци во работењето, при што ќе трпи  квалитетот на лекувањето на пациентите. Тие се револтирани што Министертвото за здравство донесува значајни одлуки и превзема рестриктивни мерки без никаква консултација со нив.

Од Министерството за здравство вчара објаснија дека намалувањето на капитацијата е привремено решение последица на здравствената криза.

OhridNews