Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Германецот Лотар Матеус, се премисли и побара националниот тим на нашиот источен сосед да одигра пријателски натпревар  со Македонија пред квалификациската средба за ЕП 2012 со Црна Гора на 4 јуни, пренесува бугарскиот сајт “24 часа”.

Германецот кој во јануари изјави дека неговата репрезентација сака да игра само пријателски средби со посилни репрезентации од бугарската и ја отпиша Македонија, ретерираше во својот став.

Тој својата желба ја соопштил по победата на тестот против Кипар (1:0).

Можен термин за одигрување на пријателската средба е месец мај.

Матеус нe ја сака Македонија за тест – средба

М.П.

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com