Германската фудбалска легенда Лотар Матеус и шпанскиот стратег Виктор Муњоз се приклучија во трката за селектор на Македонија пренесува весникот „Македонскиот Спорт“.
Селекторското столче остана празно по завршувањето на квалификациите за мундијалот во Бразил, а Фудбалската федерација на Македонија трага по нов селекторо, кој прво ќе ја консолидира селекцијата и ќе ја врати довербата кај навивачите.
Матеус, кој како фудбалер освојуваше многу трофеи како тренер неможе да се пофали со такви успеси. Тој ги водеше екипите на Партизан, Рапид Виена, Салцзбург, Макаби Нетанија, а има и искуство со репрезентација откако им беше селектор на Бугарија и Унгарија.
Шпанскиот стратег Муњоз, кој е фудбалска легенда на Барселона и новото име на листата потенцијални селектори на „рисовите“. Муњоз моментално е без ангажман, а последен тренерски предизвик му бил швајцарскиот Сион.
Муњоз покрај екипите Мајорка, Виљареал, Сарагоса, Рекреативо, Гетафе кои се натпреварувале во „Ла Лига“ ги има водено Панатинаикос, Терек Грозни и Ксамакс.
Од домашните тренери се споменуваат имињата на Бошко Ѓуровски и Тони Савевски додека Хрватот, Златко Крањчар имал други планови и не бил заинтересиран за клупата на Македонија.
Мх.П.