Германската фудбалска легенда Лотар Матеус ќе седне на селекторската клупа на репрезентацијата на Бугарија, објави бугарскиот фудбалски сојуз.


– Лотар Матеус е новиот селектор на националниот тим – кратко изјавил претседателот Борислав Михајлов, кој одбил да ги открие финасиските детали но напоменал дека договорот е постигнат на една година, со можност да се продолжи на уште две години.

Матеус доаѓа на место на Станимир Стоилов, кому по двата последователни порази во квалификациите му беше врачен отказ. Германецот ќе дебитира на бугарската клупа на мечот против Велс на 8 октомври.

 

Поранешниот капитен на Западна Германија и светски првак од 1990 година, беше првиот фудбалер прогласен од ФИФА за играч на годината во 1991 година.

По својата богата фудбалска кариера, Матеус ни оддаелку не може да се пофали со такви успеси како тренер. Седеше на клупата на Партизан, репрезентацијата на Унгарија и на австрискиот Салзбург.

М.П.