Лицата што останале без работа или биле дел од неформалната економија, ќе можат да земат минимална материјална помош, најави заменик-министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.
Висината на помошта ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи на членовите на домаќинството, сметано од последниот месец, а мерката ќе трае два месеца за април и мај. Предвидена е уште една мерка за поддршка на постоечките корисници во системот на социјална заштита кои ќе добијат дополнителен енергетски додаток од 1 000 денари за април и мај.
Дополнителната заменик-министерка Санела Шкријељ најави донации и хуманитарна помош за семејствата кои живеат во супстандардни услови. Како што рече, образовниот оддаток ќе продолжи да се исплаќа без разлика што нема редовна настава.