Дисциплинската комисија при ФФМ ја укина суспензијата изречена против ФК Вардар до завршување на натпреварувачката 2008/09 година во Првата фудбалска лига на Македонија. Потсетуваме, суспензијата за ФК Вардар е изречена поради неплатениот долг кон Цементарница во случајот Васовски.

Во образложението за ваквата одлука се вели дека до дисциплинската комисија е доставено барање од ФК Вардар за пролонгирање на суспензијата поради, како што се наведува во барањето, тешката финансиска и материјална состојба во која се наоѓа клубот и последните настани во врска со водењето и управувањето на клубот. Како што информираат од ФФМ, Комисијата ја донела одлуката за пролонгирање земајќи ги во предвид сите состојби во кои се наоѓаше ФК Вардар, а во предвид е земен и фактот дека вакви слични одлуки имало и за други екипи а се со цел за доброто на фудбалот во Македонија

ohridnews