Математичарите од британскиот универзитет Шефилд пронашле формула според која совршено може да се украси новогодишната елка. За совршена хармонија на зеленилото и сјајот потребно е внимателно да се избере бројот на лампиони, должината на украсните ленти и сијалички. Кога станува збор за лампионите, формулата гласи: квадратен корен од 17 да се подели со 20 и да се помножи со висината на дрвото во сантиметри.
За должината на сијаличките формулата е Пи помножено со висината на дрвото, додека за големината на ѕвездата или ангелот на врвот од елката потербно е да се подели висината на елката со десет. За должината на украсните ленти потербно е 13 да се помножи со Пи, да се подели со осум, и потоа добиениот број да се помножи со висината на елката.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com