Компанијата “МАТ Ервејс” што деновиве ја формираа српскиете компании Кон-Тики Травел и Метрополитен инвестмент груп, ќе ги опслужува чартер летовите во Македонија.

Компанијата која располага со сопствен авион од типот Боинг 737 – 500 најавува директни чартер летови за и од охридскиот аеродром.

Од “МАТ Ервејс” очекуваат наскоро од Агенцијата за цивилно воздухопловство да добијат дозвола за летање.

OhridNews