Во недела, 12 мај, во просториите на Касарна хаб во Охрид ќе биде одржан четвртиот квиз Мастерс за сезоната 2023/24 во организација на Македонската квиз асоцијација.

Откако Охрид минатата година се покажа како одличен домаќин, гостите од другите градови повторно посакаа да дојдат тука и заеднички да се дружиме. Оваа година локацијата е друга (минатата година беше на УИНТ Св. Апостол Павле), но желбата на натпреварувачите да се дружат и да го проверат своето знаење е повторно тука, велат организаторите.

Автор на прашањата е Мартин Мајк Петрески, а квизот се состои од осум теми – култура, забава, историја, животен стил, медиуми, наука, спорт и свет.

Секоја од осумте теми е застапена со по 25 прашања, односно вкупно 200 прашања поделени во два дела од по 100 прашања. Секој од двата дела се состои од по четири од горенаведените теми, а времето за решавање за секој од деловите е еден час, односно вкупното време за решавање на целиот квиз е два часа, потенцираат од Македонската квиз асоцијација.

За учество на Мастерсот потребно е заинтересираните да се пријават на фејсбук страница или со пополнување на следниот формулар: https://forms.gle/mM7KyM6TnLK9W8KS7.

Котизацијата за овој квиз изнесува 150 денари и истата можете да ја уплатите за време на одржување на Мастерсот. Учесниците со платена сезонска котизација се ослободени од плаќање.

За повеќе прашања во врска со квизот, можете да ги контактирате организаторите на нивната фејсбук страница или на мејлот на МКА: [email protected].

OhridNews