Мртви кучиња лежат на охридските улици на повеќе локации. Веројатно се работи за труење бидејќи сите се со пенлива уста што говори дека смртта кај нив била предизвикана намерно. Појавата вчера ја забележале граѓани кои реагираат на убивањето на кучињата кои се оставени да лежат по улиците.

Грдата слика ги вознемири охриѓани. Отруени кучиња лежат кај музичкото училиште, на улицата Галичица и на други локации. Не се знае кој ги отрул или дали се работи за организирана акција за која и никој не информираше.

Покрај тоа што се грда слика сега веќе мртвите кучиња претставуваат и опасност од ширење заразни болести бидејќи нивните тела лежат по улиците, реагираат граѓаните.


Масовно труење на кучиња во Охрид

Проблемот со кучињата скитници во Охрид е изразит, но дали е ова начинот на кој треба да се справуваме со него?  Во отсуство на институционална стратегија и шинтерска служба која надлежните се фалат со години дека ќе ја отворат, граѓаните го земаат законот во свои раце, за жал.

Г. Момироски