120 деца од основните училишта од општините Струга, Охрид, Вевчани, Дебрца беа дел од првото Регионално првенство за млади во шах „Lake Queen School Cup 2023“.
Учесниците се натпреваруваа поделени во четири категорни групи (8,10,12,14 год) информираат од Младинската шаховска школа Струга и ШК Ласкер од Охрид кои се организатори на истото, а со техничка и логистичка поддршка на ПУ „Јахја Кемал“ Струга.
Се играше во преполната спортска сала во училиштето. Како организатори искажуваме голема благодарност до локалните самоуправи на 4-те општини, до приватните компании и до сите кои помогнаа во организација на овој голем младински настан, потенцираат организаторите.
Турнирот го отвори заменик градоначалник на Општина Охрид, Перчо Божиновски.
Шахот е метафора за животот, го тренира логичкото размислување и ги учи децата на основните животни вештини. Во животот се победува и се губи исто како и во шахот. Преку спортските навики и натпреварувачкиот дух да создаваме здрава и интелигентна младина, истакна Божиновски.
Турнирите се играа по Швајцарски систем од 5 кола со темпо на игра 10’05” и притоа беа постигнати следните резултати:
Во U08 категорија
делба на 1 место со ист број на поени
Актан Реџеп ООУ Братство Единство Охрид и
Александар Стојкоски ОУ Јосип Броз Тито Струга
делба на 2 место со ист број на поени
Гогоски Олег ПУ Јаха Кемал Струга
Трајче Нелкоски ПУ Јаха Кемал Струга,
3 место
Дамјан Чобанов ООУ Григор Прличев Охрид
Во U10 категорија
1 место Мехмед Хамза ООУ Братство Единство Охрид,
2 место Јована Котушеска ООУ Григор Прличев Охрид,
3 место Ковачески Климент ООУ Св. Климент Охридски Охрид
Во U12 категорија
1 место Јован Пуроски ООУ Св. Климент Охридски Охрид,
2 место Филип Целески ООУ Св. Климент Охридски Охрид,
3 место Павел Мишески ООУ Св. Наум Охридски Охрид
Во U14 категорија
1 место Лука Симоноски ПУ Јаха Кемал Струга,
делба на 2 место со ист број на поени
Ивана Велкоска ООУ Григор Прличев Охрид
Кузман Бабаче ООУ Григор Прличев Охрид
Мартин Бирачоски ООУ Братство Единство Охрид
Герасим Кумбароски ОУ Јосип Броз Тито Струга.
Настанот и ШК Ласкер Охрид финансиски е подржан од Општина Охрид.
OhridNews