Американските студенти во вторникот го прославиле „Денот на тревата“ низ улиците ширум САД. Пушачите на марихуана сакаат таа лесна дрога да се легализира секаде низ САД па дваесетти април го означиле како национален празник.


Организирале масовно пушење на марихуана во парковите и пред зградата на владата. Тпочно во 16 часот и 20 минути голема група студенти на универзитетот во Колорадо запалила џоинт во исто време. Колорадо е една од 14-те сојузни државо во САД во која е дозволено користење на марихуаната за медицински цели.