Оваа година поради актуелната здравстена ситуација, ќе озостанат свеченостите по повод празникот Богојавление – Водици на градското пристаниште во Охрид. Но и покрај тоа што нема да има масовно празнување, атмосферата во градот е празнична.

Деновиве екипи на ЈП “Охридски Комуналец” поставија државни и верски знамиња во чаршијата и главните улици, кои водат кон градското пристаниште.

Годинава Богојавление-Водици нема да се прославува на традиционален начин со фрлање крст во охридските води. Празникот Водици ќе биде одбележан само во црковните храмови со утрински богослужби. Уште еднаш упатуваме апел до граѓаните при посетата на верските објекти да се придржуваат кон здравствените протоколи, задолжително да носат маска, оддржуваат дистанца и ги дезинфицираат рацете. – истакнуваат од Општина Охрид.

OhridNews