Празникот Св. Петка, кон која во Охрид има посебен култ, вчера масовно беше одбележан во сите православни храмови. Традиционално голем број верници се собраа во манастирот посветен на Св. Петка во Велгошти, како и во Св. Наум. Во малата црква Св. Петка во Св. Наум дојдоа голем број верници да запалат свеќа и да се помолат за здравје. Изградбата на оваа црква е при крај, преостанува уште да се завршат некои ситни работи на влезот и фрескоживописот.


Свечено одбележан празникот Св. Петка во Охрид

OhridNews