Илјадници верници од Охрид и околните градови синоќа го посетија манастирот Св. Наум по повод празникот посветен на градителот на светиот храм крај изворите на реката Дрим. Верниците до манастирот присигнуваа со автомобили и бродови за да запалат свеќа и да се поклонат на гробот на чудотворецот. Дел од нив присуствуваа на вечерната богослужба со која чиноначалствуваа митрополитите Тимотеј и Агатангел. Чествувањата на празникот посветен на Св. Наум Охридски  продолжуваат денеска со литургија на која ќе присуствува архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.


До Св. Наум со брод и автомобили


река верници пред храмот


Во редица се чекаше ред за влез во мнастирската црква


Со вечерната богослужба чиноначалствуваа митрополитите Тимотеј и Агатангел


Поклонение пред гробот на светителот


Свеќа за здравје


Ништо без музика


И годинава неизбежен беше панаѓурскиот амбиент


OhridNews
фото: Емилио