Спортско-риболовното друштво „Свети Апостол Петар бара од Вадата поништување на конкурсот за доделување концесии за рекреативен и стопански риболов објавен на 12 декември годинава.

Спортските риболовци велат дека конкурсот не е во согласност со член 19 од законот за концесии. Наместо предвидените 30 дена треба најмалку 90 дена за да се достават понудите.Се брза за да се потпишат договорите пред да истече рокот пред изборите затоа што во последните 60 дена Владата нема право да потпишува договори“ велат во дописот спортските риболовци.

Според нив, рибарската основа, врз која се распишува конкурсот, не е објавена во ниту во едно гласило согласно Член 16    од закон за рибарство и аквакултура.


„Со Рибарската основа која е изработена од страна на ЈНУ Хидробиолошки завод од Охрид наместо да се заштитат другите видови риби од уништување, а знаеме во каква состојба се наоѓат пастрмката и белвицата ќе се уништат и крапот и кленот ,писата ,грунецот и плашката.Рибарската основа на Хидробиолошки Завод од Охрид е четврта катастрофална грешка со која ќе се уништат краповидните риби. На  рекреативниот риболов  ќе му се нанесе огромна штета, а со тоа и на туризмот“, реагираат од Спортско-риболовното друштво од Охрид.

Според нив, Хидробилошки за 8 проценти од вкупно уловената риба, кои ги добиваше од  „Охридска Пастрмка“ поранешен концесионер на Охридско Езеро  им го рецензираше петогодишниот план со кој му дозволи годишно да ловат и до 500 тона риба, со што се нанесе штета на рибниот фонд .Охридското Езеро  не може да ги издржи овие количини ,а што се гледа од моменталната состојбата за рибниот фонд.


„Стручњаците од хидробилошки излегоа со став дека блинкерот е штетен за пастрмката ,затоа што не е селективен , а високите лебдечки мрежи биле поселективни.Врз основа на овој став министерството го забрани блинкерот со што уништи една традиција, за која живееја охриѓани а доаѓаа туристи од цела поранешна Југославија за да ја ловат на единствен начин во светот со блинкер на влечење на длабочина од 40 до 80 метри.По четиригодишната забрана состојбата со рибниот фонд не се подобри туку рапидно се влоши“, велат од „Свети Апостол Петар“.

„Рекреативниот риболов кој секаде е дел од туристичката понуда ќе биде уништен затоа што рибите како клен ,мрена, грунец, плашица не можат да се ловат од брегот за време на туристичката сезона односно повеќе од 11 месеци не може да се лови од брег. За крапот Хидробиолошки предвидува издавање на само 100 еднодневни дозволи ,односно само сто рибари да имат право да  ловат по еден ден во текот на целата година што е  апсурд, уште пострашно предвидуваат само 24 рибари да можат да риболоват на целото езеро дневно, и тоа по 12 во Охрид и Струга“,се жалат спортските риболовци и додаваат дека овие рестрикции би ги разбале, ако истовремено не се распишува конкурс за концесија за стопански риболов . Тие се на ставот дека рибарската основа наместо да внесе ред во рибарството трајно ќе го уништи рибниот фонд во езерото.

Доколку  Владата не им излезе во пресрет и не го  поништи конкурсот за конесии за рекреативен и стопански риболов  ,со кој ќе се уништи рибниот фонд и рекреативниот риболов и ќе се нанесе штета на туризмот , тие најавуваат масовни протести пред подрачната единица на министерството за земјоделство и шумарство и пред Хидробиолошки Завод , а не ја исклучуваат можноста за радикализација на протестите.

Ohridnews