Од Јужна Кореја пристигнала вест за масовна венчавка, во која учествувале две илјади парови од 54 земји. Се собрале на стадионот во Гап-јонг, стотина километри североисточно од главниот град Сеул. Уште две илјади парови се придружиле на церемонијата преку интернет.

Свеченоста ја предводел основачот на јужнокорејската црква за обединување со сопругата Сеук Јун-Хок. Тој рекол дека масовната венчавка го обединува човештвото и ги брише етничките, како и границите на верата и националноста. Според него, нивната цел била да го направат светот помирно место за новите семејства.