Рекламна кампања на чешката радиостаница Кисс, која на својата промоција на градскиот плоштад во Чешке Будејовице на насобраните им фрлила 4000 евра, завршила со тепачка во која се повредени 24 лица, а едно девојче е пренесено во критична состојба во болница.
Туркајќи се да зграбат што повеќе пари, луѓето не обраќале внимание дали ќе згазат некого. Шефот на регионалната брза помош е згрозен од однесувањето на луѓето посебно затоа што меѓу повредените имало најмногу деца.