Ноќниот клуб „Нанаимос Кавалоти Лоџ“ во петокот ноќта станал женска боречка арена. Стотина жени се степале во клубот на островот Ванкувер бидејќи не можеле да го видат стриптизерот кој се соблекувал. Жените се забавувале со поголема количина алкохол кога меѓу нив се појавил стриптизерот облечен како полицаец. Започнал да ја изведува својата точка, а од задните редови започнале да се туркаат са да обезбедат подобар поглед.
Псовките и вреѓањето набрзо прераснале во општа тепачка. Подивените дами ги смирила полицијата која уапсила пет жени, а две биле задржани на трезнење. Ниту една од жените нема да биде обвинета, но на разговор ќе биде повикан сопственикот на клубот бидејќи точел преголема количина алкохол.