Фудбалот во Европа поради ширењето на корона вирусот е пред тотален застој, но од местата каде што се игра не доаѓаат воопшто убави вести и глетки. Имено, на мечот помеѓу Гремио и Интернационал во рамките од фазата по групи во Копа Либертадорес се случи општа тепачка во која учествуваа двете екипи.
После смирување на страстите, главниот судија имаше полни раце работа. Тој додели дури осум црвени картони, по четири во двете екипи, што претставува нов рекорд во јужно-афричкиот фудбал. Мечот заврши без голови и без победник 0-0.
OhridNews