На 29 Октомври, Меѓународниот ден на дрвото ќе се пошумуваат делови од Славеј Планина и месноста Мауцкер. Пошумувањето е дел од граѓанската акција „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ што се спроведува во целата држава.

В среда шурум државава ќе се засадуваат околу 6 милиони садници, а во Охрид ќе бидат пошумени околу 40 хектари.


Акцијата во Охрид симболично, со засадување дрвце во дворот на охридската гимназија ја означија директорот на гимназијата Љубиша Машановиќ, младата охриѓанка Миланка Новеска, како и Антон Серечи, дел од координативното тело.

Првиот дел од акцијата се одржа на 12 март годинава кога граѓаните масовно излегоа да да засадат дрво. 


„Ден на дрвото- засади ја иднината “ треба да овозможи услови за подобра животна средина, а во него се вклучени познати личности од јавниот живот во Македонија, како и граѓаните.

Ohridnews