Хуманитарната спортско-рекреативна акција “За посреќно детство” што втора година по ред ја организира охридскиот Црвен крст, привлече сторици хумани вљубеници во спортот. Тие зедоа учество во хуманиранта трка од градскта фонтана до кејот, како и во натпреварите во повеќе други спортски дисциплини кои исто така се одржаа под отворено небо.
Средствата собрани од оваа акција со продажба на учесничките броеви и со обезбедување на прилози од спонзори и донатори, наменети се за набавка на специјални колички за децата телесните инвалиди и децата болни од церебрална прализа, со кои тие ќе можат да се капат и рекреираат во водите на Охридското езеро.
Втора година во Охрид се одржува хуманитанта манифестација „За посреќно детство“